Продолжува судењето за „Диво насеље“ – сослушување на заштитени сведоци

Судскиот процес за „Диво насеље“ продолжува денеска со сослушување на заштитени сведоци. Ова ќе биде осмо рочиште за случувањата на 9 и 10 мај минатата година во кумановската Дива населба.

Од Кривичниот суд велат дека не можат да дадат процена за темпото со кое ќе се одвива сослушувањето на заштитените сведоци ниту колку вкупно заштитени сведоци се предложени од страна на Обвинителството. Од Судот потенцираат дека навремено ќе информираат кога повторно ќе биде отворено за јавноста судењето.

Обвинетите се товарат за „терористичко организирање“ и „тероризам“.

Во дводневната престрелка во кумановскиот инцидент загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.