Продолжува судскиот процес „Поткуп“ против Заев

Во Основниот суд Скопје 1, денеска треба да продолжи судскиот процес „Поткуп“ против лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Минатото рочиште Заев и одбраната побараа изземање на обвинителот Владимир Милошевски од овој случај, бидејќи, како што рекоа, СЈО има отворено предистражни дејствија за монтирање на случај „Поткуп“ против Заев.

Јавното обвинителство за организиран криминал го одби барањето за изземање на обвинителот Владимир Милошевски поднесено од обвинетиот Заев и неговата одбрана во случајот „Поткуп“, а СЈО потврди дека има отворено истрага за кривичната пријава од СДСМ против обвинителот за монтирање случај против лидерот на партијата, но негира дека води истрага за конкретниот обвинител.