Продолжува судскиот процес за настаните од кумановско Диво Насеље

Продолжува судењето за 29-мината обвинети за настаните од кумановско Диво Насеље од мај минатата година.

На денешното рочиште повторно ќе бидат сослушувани сведоци. На претходното рочиште сведочеа петмина, од кои четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица Гошинце, пред настаните во Куманово, и еден очевидец од Диво насеље.

Сведочењето се одвиваше без присуство на новинарите.

Полицајците за време на сослушувањето, изјавиле дека биле нападнати од две групи, кои ги претепале и им го одземале оружјето.

Групата, како што рекоа полицајците, земала оружје од магацинот на полицискиот пункт. Им ги одзеле телефоните и униформата, а потоа ги ослободиле.

Полицајците објасниле дека подоцна успеале да воспостават контакт со полициската станица и да го пријават случајот.