Продолжува вонредната состојба во Турција

Парламентот на Турција го одобри денеска продолжувањето на вонредната состојба во земјата за уште три месеци, јави Анадолија.

Вонредната состојба беше воведена во земјата за три месеци по неуспешниот обид за преврат на 15 јули.

На почетокот на месецот Владата одлучи да го продолжи рокот на тој режим за уште три месеци.

Се очекува продолжената вонредна состојба да влезе во сила од 19 октомври, кога истекуваат првите три месеци.