Продолжуваат инвестициите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициите за темелна реконструкција на најголемиот студентски дом  „Гоце Делчев“ во Скопје.

Со етапната реконструкција на овој капитален објект до овој момент се опфатени блокот Б кој што е целосно реновиран и најсовремено опремен, како и блокот А каде целосно се завршени градежните активности, за што се инвестирани 180 милиони денари.

2

Во меѓувреме, според плановите на Владата и Министерството за образование и наука започната е постапката за избор на компанија за реконструкција и на останатите блокови В и Г, односно до 15 февруари е рокот за јавно прибирање на понуди, по што ќе следи нивна евалуација и избор на најповолен понудувач.

3

4

5