понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 59

Продолжуваат масовните протести во Романија

Меѓу 200.000 и 250.000 луѓе вчера протестираа во Букурешт и низ педесетина градови низ Романија против ублажувањето на законот за сузбивање на корупцијата.

romania-protesti

Последни вести

 

Во Букурешт стотина илјади луѓе четврти ден по ред се собираат на големиот плоштад Викториеи, каде е зградата на владата.

Демонстрантите, повеќето млади луѓе, бараат повлекување на указот кој социјалдемократската влада го донесе во вторникот, а кој им оди од рака на голем број пратеници осомничени за малверзации. Со силен аплауз поздравија група млади кои носеа ковчег и дрвен крст со натписот „романска правда“. Ја отпеаја националната химна „Разбуди се Романија“ прекинувајќи ја со повиците за оставка на владата.

За денеска планираат околу пладне во поворка да минат пред зградата на парламентот, пред кој ќе формираат човечки синџир.

На сличните собири во педесетина романски градови, како Клуј, Синиу и Темишвар, учествувале меѓу 100.000 и 150.000 луѓе, пишуваат медиумите.

Романските социјалдемократи повторно дојдоа на власт на изборите во декември 2016 година, цела година откако демонстрантите ги соборија од власт во гневните протести поради смртоносниот пожар во еден ноќен клуб во Букурешт во кој загинаа неколку десетици млади луѓе, за што многумина ја обвинуваа корупцијата и практиката на неказнивост. Владата упорно истакнува дека има намера да оди натаму со оваа реформа на кривичниот законик.

Антикорупциските обвинители во моментов истражуваат повеќе од 2.000 случаи на злоупотребана власта и позициите.

Најчитани вести