Продолжуваат обидите за насилна промена на раководството на ССМ

Фалсификувањето на исправи стана практика од страна на така наречениот вд Претседател  Дарко Димовски кој упорно лажно претставувајќи се, се повеќе и повеќе тоне во фалсификување на исправи и документи вршејќи и натаму Кривични дела, реагираат од ССМ.

Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение:

Иако како што е општо познато реализирајќи односно правејќи фалсифкувана исправа  заедно со тројца други претседатели на Грански синдикати злоупотребувајќи ја Службената положба во содејство со Техничката Министерка Ременски и изготвувајќи Решение спротивно на Законот и на прописите во РМ и Статутот на ССМ  вршејќи повеке Кривични дела, денес врв на ваквите криминални дејствија е изработката на фалсификуван печат на ССМ на кој се потпишал така наречениот в.д Претседател Дарко Димовски  вршејќи уште две нови Кривични дела со изработката на фалсификуван печат и лажно претставувајќи се како вд Претседател на ССМ.

Согласно законските прописи единствен легитимен орган за вршење на промена е Централниот регистар на РМ кој е единствено надлежен да врши промени на лицата за застапување. Иако Решението од страна на Техничката Министерка Ременски не е спроведено во Централен регистар на РМ и е стопирано од страна на Јавното обвинителство, Решението  со допис до службите во ССМ се злоупотребува.

Напоменуваме уште еднаш дека Решението е стопирано од Јавното обвинителство и постапката за упис за промена е запрена поради извршените кривични дела.

Имено Би сакале да Ве информираме дека спротивно на законската регулатива лицето Дарко Димовски претседател на СУТКОЗ приложи до ССМ допис со кој лажно се претставува дека е вд Претседател на ССМ согласно решение на техничката Министерка за труд Фросина Ременски иако истото е предмет на кривична постапка и нема извршено промена и упис во Централниот регистар на РМ на Претседателот на ССМ.

Лицето Дарко Димовски прави уште едно кривично дело односно  истиот изработил фалсификат печат на име Сојуз на синдикатите на Македонија и на истиот со факсимил се потпишал иако ССМ поседува официјален печат.

Поради ваквиот Криминален чин повторно е информирано и Обвинителството со цел да се превземат веднаш соодветни мерки против посоченото лице кое неовластено врши и закани врз службите во ССМ и најавува неовластено влегување во просториите на ССМ и на легитимно избраниот претседател на ССМ д-р Живко Митревски со што ја загрозува безбедноста на имотот, зградата и лицата вработени во ССМ.

Со ова се прави нов преседан незабележан во синдикалното движење каде што во содејство со Техничката Министерка Ременски се продолжуваат обидите за насилен пуч и смена на легитимно избраното раководство на ССМ.

Впрочем поради ваквите активности од страна на Јавното обвинителство беше стопирана  и Решението на техничката Министерка Ременски а нејзиниот обид за насилна смена само од  четворицата Претседатели на синдикати од вкупно 17 кои  за разлика од предходните 13 Грански синдикати му дадоа апсолутна подршка на Претседателот Митревски и легитимното раководство, а чинот на Ременска и останатите фалсификатори беше осуден од целокупната домашна и Меѓународна светска и Европска синдикална јавност.

Со оглед на тоа што Кривичните пријави се процесирани, Јавното обвинителство ја стопирало постапката за упис во Централниот регистар заради фалсификат, овластено лице за застапување и претставување на ССМ и Претседател на ССМ е д-р Живко Митревски, а Секретар на Советот на ССМ е Методија Димески.