Балкан

Продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар

Продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар

Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадис и Мустафа Акинџи треба денеска да се сретнат во Женева, со цел да ги продолжат преговорите за повторно обединување на островот.

Тие се договорија минатиот месец во јануари да ги продолжат преговорите, со што не дозволија разговорите да останат на „мртва точка“ по 19 месеци добар напредок.

Во преговорите ќе учествуваат и Грција, Турција и Велика Британија поради разгледување на безбедносните аранжмани по потпишувањето на договорот.