Продолжуваат притисоците врз Апеалциониот суд од експертите блиски СДСМ

Експертите кои во минатото и сега нескреино се декларираа како поддржувачи на СДСМ продолжија и во неделата со коментари наместо наводни стручни согледувања, а забележително во период кога Владата предводена од СДСМ најавува генерален реизбор на судии, да вршат притисок врз Апелациониот суд да донесе политичка одлука за притвори на обвинетите од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во случаи кои главно се однесуваат на раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Откако во саботата својот став за телевизијата го кажа адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за телевизија Алсат, во неделата по истата шема притисокот продолжува со изјава на поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски.

„Најмногу постои опасност да се врши влијание врз лицата кои треба да бидат распитани во постапката, а дека тоа е можно зборува и досегашното однесување на лицата кои се предмет на гонење на СЈО, тргнувајќи од она на каква позиција се. Меѓутоа, мислам дека постои опасност и од бегство затоа што станува збор за лица кои и сами знаат дека се инволвирани во тешки кривични дела, за кои барем јас очекувам дека е вистинито она што се тврди со писмените докази и дека ќе бидат изречени и правосилни пресуди“, прејудицираше Трпеновски за Алсат.