Продолжуваат протестите против договорот со Грција

Договорот со Грција е штетен и спротивен на државните интереси, порача групата граѓани којашто и во четвртокот вечерта одржа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името, а ротест е најавен и за утревечер.

Тие ја повторија поддршката за Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот, што беше донесен во средата.

За нив договорот е штетен и спротивен на македонските државни интереси. Тие повикуваат на најавениот референдум договорот за спорот за името да биде отфрлен.

Претставници на граѓаните кои повеќе денови протестираат очекуваат да бидат примени од претседателот на државата. Тие синоќа биле информирани од обезбедувањето на претседателот, дека според протоколот, средба ќе биде дополнително закажана и оти потоа ќе бидат повикани, но очекуваат тоа да се случи во следните денови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.