Продолжуваат протестите За заедничка Македонија: Тиранската платформа нема да ја има, избори ќе има

Речиси два месеца огромна бројка македонски граѓани остануваат најголемата пречка во обидите на СДСМ и албанските политички партии да се инсталира ткн Тиранската платформа којашто ја објавија албанските партии во Македонија по консултациите во Тирана и Приштина, и особено по средбата со албанскиот премиер Еди Рама кој се смета за нејзин покровител, а протестите ќе продолжат и во понеделник со почетокот во вообичаениот термин во 17 часот пред Владата.

Претходно во петокот граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го претстави Македонскиот народен документ преку кој побара вонредни парламентарни избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа „направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава“.

 

„Избори се основното барање на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. и затоа велиме ’не’ за тиранската платформа! Да за избори за финална победа! Тиранската платформа нема да ја има! Избори во Република Македонија ќе има!“, се остакнува во споменатиот документ.

 

За аналитичарите токму граѓаните се клучни во спречување на операцијата за федерализација и кантонизација.

 

„Сепак, упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев кој е спремен да направи компромис врз основа на Тиранската платформа, зборува дека има надеж за Македонија и Македонците. ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе времето поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање на некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии“, напиша српскиот аналитичар Слободан Јанковиќ од институтот за меѓународна политика и економија за Вечерње новости.

 

Коалицијата на СДСМ предводена од Зоран Заев кој претендира на премиерското место повеќе од еден месец се обидува да изнајде начин како да ја прескокне дебатата во Собранието и да избере нов спикер, како прв чекор од остварувњето на договорот со четирите албански партии кои му дадода поддршка за добивање мандат и формирање влада.

Претседателот Ѓорѓе Иванов веќе излезе со став дека нема намера да даде мандат за влада којашто ќе биде формирана на основа на платформа од туѓа држава, а од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија велат дека се подготвени на сé доколку некој се реши да го игнорира нивниот глас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.