Продолжуваат средбите на Сугарески со претставниците на воздухопловните компании

Откако неодамна се сретна со претставниците на нискобуџетната авиокомапнија „Визер“, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во четвртокот имаше работна средба со претставници од возухопловната компанија „ЛОТ Полиш ерлајнс“.

На средбата, на којашто присуствуваше и амбасадорот на Полска во Република Македонијабеше разговарано за можностите и условите што ги нуди замјава на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродрома, како и овозможување на нови дестинации.

Министерот Сугарески потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во Македонија е приоритет на Владата и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

Сугарески ги информираше претставниците од „Полиш ерлајнс“ дека Владата континуирано овозможува услови за поддршка на сите заинтересирани авиокомпании кои сакаат да оперираат во Македонија. На средбата се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на летови и од аеродормот „Свети Апостол Павле во Охрид со што би се заголемиле капацитетите на искористенот на овој аеродром.

„Во таа насока, Владата на Република Македонија воспоставува политики за развој на ависообраќајот и обезбедување на подобри услови за граѓаните и сите други чинители во воздухопловната дејност во Република Македонија“, истакна на средбата министерот Сугарески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.