Покрј постојаните закани упатувани кон поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков на социјалните мрежи, во текот на петокот, како што велат, засега непознати сторители, бил искршен и обиен автомобилот на неговиот син, дознава Република.
Овој напад доаѓа веднаш по бруталното изживување врз Митко Чавков во истражниот затвор каде што службени лица, по нечија наредба, исто како и во судот го фотографираат на секој чекор и фотографиите ги споделуваат со медиуми блиски до СДСМ.
Чавков е предмет на изживување по социјалние мрежи, каде активисти на СДСМ линчуваат и пишуваат коментари со недолична содржина.
Во политички нарачаниот и оркестриран медиумски атак врз Митко Чавков се приклучија и криминалци блиски до СДСМ кои во моментов се во бегство од Македонија, но ја уживаат поддршката на Заев, полициски службеници кои работат за СДСМ и партиски експоненти кои се претставуваат како невладини, анализира Република.
Нехуманиот третман на власта кон Чавков почна уште на распитот во Кривичниот суд, каде од страна на полицијата и беше оневозможено на неговата фамилија да му ја даде соодветната терапија и да му донесе лекови. Чавков пред три месеци преживеа инфаркт, има вградено стенд, а од докторите му е препорачано да пешачи од 8 до 10 километри дневно.
Пред два дена Митко Чавков заради нехуманиот третман и конструираните обвиненија започна и штрајк со глад.
„Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ донел одлука да штрајкува со глад“, изјави за МИА адвокатот на Чавков, Петар Василев.
Нехуманиот третман со кој се соочуваат сите приведени во констриураните обвиненија во врска со настаните од 27-ми април на далеку ја надминува границата на хуманоста, праведната и правична постапка, кои се одлика на цивилизирана Европа.