вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 0

Продолжувањето на мандатот на СЈО ќе ја пролонгира кризата во Македонија

Продолжувањето на рокот на СЈО ќе ја пролонгира и политичката криза во Република Македонија. Барањето, според политичките аналитичари доаѓа од надворешни фактори и е со цел остварување на нивни цели и интереси. Истиот тој фактор којшто бара продолжување на мандатот на специјалното обвинителство врши притисок и врз раководството на ДУИ да се залага за работата на СЈО, смета политичкиот аналитичар Александар Даштевски.

мандатот

Поврзани вести

СЈО не успеа да одговори на предизвикот и не треба да добие продолжување на мандатот, сметаат познавачите. Според нив целта на барањето за продолжување на мадатот е единствено за политички потреби на надворешни фактори. Велат обвинителството со месеци е неактивно, дека имало и повеќе од доволно време да истражува и да покрене обвиненија доколку имало основи за тоа, и дека нема никаква суштинаска потреба за продолжување на неговиот мандат.

„Специјалното јавно обвинителство доби доволно време да ја заврши својата работа и да ги преслуша разговорите и да покрене обвиненија ако има основа за тоа, како и да објасни на целокупната македонска јавност како се прибавени тие разговори и врз носнова на тоа дали можат да се покренат обвиненија, а ние до сега тоа го немаме. Единствено што се покажа од досегашната работа на СЈО  е дека тоа работи како една испостава на опозицијата и ги задоволува нивните интереси. За тоа говори и фактот што откако се одложија изборите кои требаше да се оддржат во јуни, се до септември немаше никаква активност во специјалното обвинителство и ниту една прес –конференција. Откако се договори новиот датум за избори 11-ти декември СЈО започна кампања паралелно со СДСМ отворајќи предмети исклучиво за функционери од ВМРО-ДПМНЕ, со цел на тој начин да се намали рејтингот на партијата на владејачката партија, а да се зголеми оној на опозицијата. Истото се случува и сега цел декември и еве веќе средина на јануари немаме никаква активност на СЈО, а бараат продолжување на мандатот под изговор дека немамле доволно време отвороање истраги“, вели за Нетпрес, аналитичарот Александар Даштевски.

dastevski-640x350Тој додава дека во обвинителството има стотина вработени, нешто што не беше предвидено со пржинскиот договор, и дека дел од нив немаат никакво искуство односно се вработуваат партиски или преку роднински врски и на тој начин не само што не ја забразуваат работата а оввинителството, туку уште повеќе ја кочат. Даштевски смета дека СЈО доколку работи сериозно и интензивно ќе има доволно време да си ја заврши својата работа за поднесување накривични пријави до истекот на рокот, до кога како што вели, остануваат неколку месеци.

„Продолжувањето на мандатот на СЈО ќе ја пролонгира кризата затоа што гледаме дека тие исполнуваат одредена агенда и дека не работат во слогласност со законот, како идека апсолутно не ги интересираат прислушкуваните разговори, како прво не открија од каде се тие набавени што беше и е основа за покренување на било која постапка и тоа што се прави се прави неовластено без законски основи, бидејќи оттаму не објаснија од каде потекнуваат тие незаконски прибавени телефонски разговори. Овие денови дознавме и дека добиле налог од некоја странска амбасада дека треба да се води постапка против  партијата ВМРО-ДПМНЕ за некои донации коишто давале нејзините членови, односно дали тие се легални или нелегални, и тоа е уште еден доказ дека постапките кои ги покренуваат се директно насочени само против една политичка структура во земјава“, вели Даштевски.

Според него истите структури од надвор, кои, како што вели се блиски до СОРОС и до неговите центри врз кои тој може да влијае, вршат притисок и врз раководството на ДУИ да бара пролонгирање на рокот за работа на Специјалното јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да се согласи со продолжување на рокот на СЈО, ниту со барањата поврзани со Законот за заштитните сведоци и судско одделение за предметите на СЈО, вели Груевски во интервјуто дадено за „Дневник“. Тој смета дека нема правни или суштински потреби за продолжување на 18 месечниот мандат на СЈО. Според Груевски продолжувањето на рокот е единствено за политички потреби на надворешни фактори заради остварување на нивни цели и интереси. Во интервјуто тој појаснува оти СЈО имало цели 18 месеци за истражување и евентуално поведување обвинение ако против некој обезбедат докази и дека ВМРО-ДПМНЕ, како една од партиите потписнички на Договорот испочитувала се што било предвидено во него. СЈО наместо 18 месеци добиле и дополнителен период од три и пол месеци, посочува Груевски во интервјуто, период во кој како што вели покарај тоа што се доекипирале и набавувале сеф за чување на материјалите, обвинителите работеле на прислушуваните материјали.

„Тоа што го договоривме го почитуваме и покрај целата очигледност дека СЈО е идеја што на Заев му е сервирана однадвор и дека тие што ја сервираа, немаат цел работите реално да се истражат бидејќи тие одамна имаат преслушано и истражено сe, и свесни се дека нема никакви релевантни докази за никаков криминал против функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, туку имаат потреба да ја држат земјата во заложништво за да реализираат некои други цели. Да реализираат некои прашања за кои подолг период се обидуваат да најдат решение и кои се и главната причина заради кои се создаде кризата како обид за отстранување на ВМРО-ДПМНЕ од власта. Продолжувањето на СЈО и на политичката криза не е начин на кој можат да дојдат до тие цели, напротив со продолжувањето на СЈО само може да се дозаплеткаат некои и онака заплеткани работи. Македонија нема интерес кризата да се пролонгира. А со пролонгирање на роковите за СЈО со сигурност ќе се пролонгира кризата. Нагласувам уште еднаш, дека ние се што договоривме во врска со договорот на четирите партии, вклучувајќи го тука и договореното за СЈО, го испочитувавме и тука никој не може да ни приговори. Изговорите дека институциите не одговарале во законскиот рок, па божем затоа немале време се неточни“, вели Груевски во интервјуто.

Груевски појаснува и дека по барањето за пролонгирање на рокот на СЈО, неговата партија понудила доколку не можат да постигнат временски со работа да биде зголемен бројот на обвинители, но дека нивниот предлог бил одбиен без никакви контрааргументи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели ако ДУИ не сака да коалицира со неговата партија поради рокот на СЈО, тоа е нивна одлука, но оти според него и во ДУИ се свесни дека без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во влада или во опозиција, барањето за СЈО нема да се реализира, бидејќи Пржинскиот договор и Законот за СЈО јасно предвидуваат дека за негова промена не е потребно само двотретинско мнозинство, туку и согласност на сите 4 партии потписнички. Според Груевски, ДУИ инсистира за продолжување на работата на СЈО, само затоа што некој ги притиска да го сторат тоа.

„Ќе бидам доволно коректен и ќе се воздржам од тоа да зборувам кое е мислењето на мно-гу индивидуалци на високи позиции од ДУИ кои комуницираат со наши претставници и го кажуваат своето мислење на СЈО.  Второ, ако ДУИ не сака да коалира со нас заради тоа што не прифаќаме продолжување на 18-те месеци на СЈО, и тоа го правиме со силни аргументи на кои никој нема одговор, то-гаш би одговорил дека тие можат да постапуваат како што ќе одлучат. Јас на почетокот кажав, ние нема да правиме коалиција по секоја цена. Сепак, ДУИ знае дека биле ние во владата или во опозиција, барањето за СЈО нема да се реализира, бидејќи и договорот од јуни-јули 2015 година и Законот за СЈО предвидуваат дека за негова промена не е потреб-но само двотретинско мнозинство, туку и согласност на сите 4 партии потписнички. Според моите информации, што не ги добив од ДУИ туку од други заеднички пријатели, некој и нив ги притиска. Како што ги притискаа и нив и ДПА и на преговори-те во јуни-јули 2015 да н` информираат дека ако не се поддржело основањето на СЈО, ед-ните ќе излегле од владата, а вторите немало да влезат, што во тој момент ќе создадеше лимбо-ситуација за земјата и долгорочна заглавеност во кризата без да можеме да излезе на избори и да го потврдиме нашиот легитимитет, што сега веќе не е случај. Сега бевме на избори, кои никој не ги оспорува, и имаме нов легитимитет. Имаме јасен победник и поразен, со јасни позиции во кампањата на двете за многу прашања, вклучително и за СЈО“, вели Груевски во интервјуто дадено за весникот „Дневник“.

Најчитани вести