среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 40

Продожија разговорите меѓу партиите

Претпладнево во резиденцијата на ЕУ претставниците на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино ги продолжија разговорите за отворените прашања што го попречуваат решавањето на политичката криза.

dogovor-przino-640x294

Поврзани вести

Претпладнево во резиденцијата на ЕУ претставниците на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино  ги продолжија разговорите за отворените прашања што  го попречуваат решавањето на политичката криза.

На оваа фаза од меѓупартиските разговори учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

На средбата присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Евроамбасадорот Аиво по завршувањто на завчерашната рунда разговори изјави дека партиските претставници постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно, без да прецизира кое.

– Завршена е навистина значителна работа за која беше потребно многу време. Многу прашања беа договорени, но се уште има едно прашање кое е отворено, и поради тоа, за жал, не бевме во состојбата постигнеме договор, односно партиите не беа во состојба да постигнат договор. Се надевам дека ќе продолжиме што е можно поскоро, изјави Орав.

Најчитани вести