Продуцентите не биле сигурно дали Лиса Кудроу е добар избор за Фиби во „Пријатели“

За голем дел од успехот на серијата „Пријатели“, нејзините автори можат да им заблагодарат токму на актерите кои фантастично ги одиграа популарните ликови.

Сепак, како што објавија американските таблоди, една од главните актерки режисерите два пати ја повикале на аудиција, бидејќи не биле сигурни дали навистина ја сакаат во серијата.

Лиса Кудроу, која ја играше улогата на Фиби, сега открива дека единствено таа морала да оди на дополнителна аудиција на барање на режисерот Џејмс Бароус, кој бил сомничав кон нејзината способност да го долови ликот.

Инаку, актерите од серијата за време на снимањето се дружеле и приватно, а најмногу се зближиле играјќи покер во големата гардероба на легендарниот ТВ режисер.

Нивната љубов кон покерот го инсипирало Бароус за епизодата „The One With The Poker“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.