Продуцентот на Еминем и светски хип-хоп диџеј доаѓа во Скопје

Статик Селекта, моментно најактуелниот светски хип-хоп диџеј и продуцент, како дел од својата “Lucky 7″ турнеја, доаѓа во Скопје.

Продуцентот на хит синглот на Еминем „Detroit vs. Everybody” , на кој се појавуваат уште Big Sean, Dej Loaf, Royce da 5`9, Trick Trick и Danny Brown ќе го одржи хип-хоп настанот на годината во Недела, во Клуб Central Park.

„Скопје сеп одготвува захип хоп на стапот на годината? Тоа ми се допаѓа.Ќе биде жешко!”вели СтатикСелекта, моментно најактуелниот хип-хоп диџеј и продуцент во светот.

Музичкиот пат му започнува под влијание на Dj Premier и Dj Funkmaster Flex. Во 2006 година ја основа сопствената „Showoff продуцентска куќа, чиј прв објавен сингл е “Out the Gate” на Termanology. Своетопрво LP – “Spell my name right” го промовира во 2007 година, а второто насловено како “Stick 2 the Script” само две години подоцна. Во моментов е на турнеја на која го промовира последното од него, „Lucky 7”, а Скопје ќе биде едно од среќните места каде Селекта, екслузивно, ќе ги врти неговите плочи.

Тричасовниот ДЈ сет на годината, како што веќе го нарекоа љубителите на хип-хоп културата, е закажан за Недела (21 јуни). Место – Клуб Central Park. Картите по цена од 150 денари, ќе можат да се купат на билетарата на клубот пред почетокот на настанот, кој е закажан за точно на полноќ. Скопскиот терен во Клуб Central Park заСтатик ќе го подготви Dj Shorty P aka Pancho со свој warm-up сет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.