Продуцентот Вајнстин и се предаде на полицијата

Некогашниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин, денеска е уапсен откако и се предаде на полицијата во Њујорк поради обвинувањата за сексуално вознемирување, објави Ројтерс.

Додека се пријавувал во полицијата хеликоптери го надлетувале теренот, а биле собрани десетици фотографи. Продуцентот во њујоршката полиција влезе држајќи три книги во рацете.

Повеќе од 70 жени го обвинија Вајнстин за сексуално вознемирување, вклучително и силување, а некои обвинувања се постари и од неколку децении.

Се очекува дека Вајнстин ќе биде обвинет за силување на една жена и принудување на друга жена на орален секс. Тој претходно демантираше дека имал сексуални односи без согласност од другата страна.