Продуцентска екипа од САД подготвува промотивни видеа за Македонија

Продуцентска екипа од САД, предводена од продуцентот и експерт за туризам Дејвид Хофман, престојува во Македонија каде собира материјал за изработка на видеа и репортажи наменети за промоција на Република Македонија како туристичка дестинација, пренесува МИА.

Ова е активност што ја спроведува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со цел изработка на промотивни видеа за Македонија, односно куси документарни филмови што ќе ја претстават туристичката понуда на земјата во светот.

Предвидено е екипата од САД за време на десетдневниот престој тука да сними и изработи шест промотивни видеа за Македонија и тоа за винските региони во земјата, работи што мора да се посетат во Скопје, при престојот во Битола, видео за потеклото на македонскиот јазик и култура, прилог за Стоби, како и материјал за Охридското Езеро.

Деновиве екипата на продуцентската куќа од САД престојува во Охрид, каде собира материјал за еден од неколкуте документарци за Република Македонија, во случајот за Охридското Езеро како природна реткост и убавина што вреди да се посети.

Минатата година Хофман е прогласен за еден од десетте најдобри видео продуценти за туристички дестинации од страна на реномираниот весник „USA Today”.
Минатата година Хофман е прогласен за еден од десетте најдобри видео продуценти за туристички дестинации од страна на реномираниот весник „USA Today”.

Ова што го работам е снимање и изработка на видеа за најразлични туристички дестинации низ светот. Македонија е 64-та држава што ја посетувам и за која ќе снимам материјал наменет за приближување на дестинацијата на заинтересираните туристи. Во основа преку материјалот сакам да им покажам на луѓето што можат тука да видат и зошто вреди да дојдат во Македонија, што е она што ја издвојува како дестинација што мора да се посети, изјави продуцентот Хофман.

Продуцентот Давид Хофман преку неговата дигитална медиумската компанија Davidsbeenhere.com, соработува со бројни меѓународни организации за туризам, креирајќи туристички видеа и репортажи.

Минатата година Хофман е прогласен за еден од десетте најдобри видео продуценти за туристички дестинации од страна на реномираниот весник „USA Today”.

Според неговите досегашни искуства, Македонија е воодушевувачко место, со богато културно наследство, пријателски, гостопримлив народ, што е меѓу главните атрибути кои го красат регионот.

Во рамки на ангажманот предвидено е да бидат снимени и изработени и репортажи за топ-десетте места што мора да се посетат во Македонија, туристички водич низ Скопје, репортажа за Охридското Езеро, за храната и виното во Македонија и неверојатни инстаграм слики на Македонија. Видеата за Македонија ќе бидат дистрибуирани на повеќе специјализирани туристички интернет страници како www.Tripfilms.com, www.TravelDudes.org, www.Davidsbeenhere.com, www.YouTube.com, www.Vimeo.com, www.Stcommunities.sg, www.VideoTravelers.com.

Изработениот материјал останува сопственост на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот така што ќе може да се користи и во иднина за туристички промотивни цели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.