Продукти кои помагаат за подобар сон

Пожелно е тие да се конзумираат 90 минути пред спиење, да се конзумира помала количина, не повеќе од 150 до 200 калории. Со оваа на телото ќе му помогнеме што порано да се опушти за добар сон.

1. Банана

Таа е природен продукт кој е дури алтернатива на таблета за спиење заради магнезиумот што го содржи, а кој ги опушта мускулите и така го смирува телото.

banana

2. Чаша топло млеко

Млекото содржи триптофан, аминокиселина која смирува и содржи калциум кој му помага на мозокот да го искористи триптофанот. Освен тоа, заклучено е дека чашата топло млеко делува психолошки на наше смирување.

3. Чаша млеко со лажица мед

Премногу шеќери ке не разбудат и вознемират, но сосема малку гликоза ке му јави на нашиот мозок да го исклучи орексин-от, неуро преносник кој е одговорен за будност во текот на денот.

4. Печен компир

Нема да го преоптерети системот за варење ако го конзумираме најмалку еден час пред спиење, а ќе ни помогне подобро да заспиеме. Состојките од компирот ги отстрануваат киселините кои му сметаат на делувањето на триптофан-от, амино киселина која смирува.

2-pecheni-kompiri-edno-od-najzdravite-jadenja-www.kafepauza.mk_

5. Грст бадеми

Еден до еден ипол час пред спиење е доволно за мирен сон. И бадемите ги содржат двата релаксирачки елементи за кои нагласивме во претходните продукти, магнезиум и триптофан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.