понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 43

Продуктивност на текстилните компании со вложување во современа опрема

110090682

Последни вести

Доколку компаниите од текстилната индустрија  сакаат да останат продуктивни и покрај постојаниот пораст на платите на вработените треба да вложуваат во посовремени машини. Притоа со ист број работници  ќе остваруваат поголемо производство и ќе останат конкурентни на странските пазари. Во спротивно ќе треба да се откажат од производство.

Такви оценки изнесе денеска на прес-конференција раководството на Здружението на текстилната индустрија и конфекција при Стопанската комора  на Македонија.

Проценките на Здружението се дека ќе продолжи порастот на платите во текстилната индустрија, која во просек лани изнесуваше 14.010 денари.  – Растот на текстилната индустрија директно ќе зависи во кој момент ќе ја надминеме црвената линија на раст на плати  и кога нема да бидеме интересни за нашите странски партнери и тогаш целосно ќе мора да го пренесат  производството на далечниот исток во држави каде има многу пониски плати од нашите, рече Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна индустрија и конфекција.

Според Димитров, фабриките од технолошко индустриските развојни зони се нелојална конкуренција на домашните текстилни капацитети. Државата, според Здружението, треба да им наложи на инвеститорите во тие зони да ангажираат работници преку Агенцијата за вработување затоа за да не се одлева обучената работна сила во останатите текстилни компании и конфекции.

– Се случува обучен работник  на кој му се плаќаат сите придонеси да замине во ТИРЗ каде е ослободен од даноци од придонеси со што во суштина ниту се намалува бројот на невработени во Агенцијата за вработување, ниту им помага на фондовите, наведе Димитров.

Единствено нешто што може да преземеме,  додаде, е да ги зголемиме платите, да ги почитуваме целосно правата на работниците и да инсистираме  преку Владата  фирмите од ТИРЗ-овите ако сакаат да користат обучени работници да немаат привилеги.

Од Министерството за финансии и од Царинската управа на Македонија, како што информира, добиле уверување дека ќе се реши нивното барање да бидат ослободени од плаќање Данок на додадена вредност (ДДВ) трговските  и посредничките фирми во Македонија кои извезуваат готов текстил. – Ако одредена компанија купи готови производи од некоја наша фабрика таа мора да го купи со ДДВ и покрај тоа што се знае дека таа стока е  намената за извоз. Извозот е ослободен од пресметка на ДДВ но бидејќи таа платила ДДВ при набавката ќе мора да чека три-четири месеци за поврат, рече Димитров.

Во македонската текстилна индустрија преовладува т.н „лон“ работење кое во вкупниот извоз учествува со 93 проценти, додека на класичното производство отпаѓа 7 проценти. Податоците за индустриското производство од минатата година покажуават дека производството на текстилни ткаенини во 2015 во однос на 2014 година е зголемено за 14,8 проценти, а производството на облека за 6,7 проценти. Во јануари годинава во однос на јануари лани кај производството на тектилни ткаенини има раст  од 18,8 проценти, а  на облеката за 17,2 проценти.

– Лани извозот на текстилната индустрија  изнесува 596,4 милиони денари од кои извоз на текстил во износ од 67,1 милион долари  и 529,3 милиони долари извоз на готови текстилни производи. Во вкупниот извоз на државата учествува со и 13,3 проценти, при што најголеми партнерти се Германија, Грција, Италија и Холандија. На страна на увозот лани изнесува 528,3 милиони, од кои на увоз на текстил отпаѓа 455,8 милиони долари, а на увоз на облека 72,5 милиони долари, рече Сашо Деспотовски од Стопанската комора на Македонија

Според податоците на Комората, бројот на вработени во текстилната индустрија се намалува. Во 2007 година во оваа гранка работеле 43.848 лица, а во 2014 година 37.841, што е пак 35 проценти од вработените во преработувачката индустрија.

Најчитани вести