Проект „Читањето и математиката се забавни“

Во ОУ „Братство“ – Карпош ќе се одржи настан „Читањето и математиката се забавни“. Настанот се одржува во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Пред учениците, наставниците и родителите директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн ќе говори за важноста на писменоста и на поддршката од страна на целата заедница за децата да ги остварат своите потенцијали.

Учениците од почетните одделенија, наставниците и родителите ќе учествуваат во групна сесија читање сликовници и математички активности со познати личности, а ќе имаат и можност да ја посетат „Библиотеката на тркала“, специјално пренаменето возило кое нуди голем материјали за читање и учење и која за време на настанот ќе биде во дворот на училиштето.

Проектот „Со читање до лидерство“ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија,  има за цел да ја процени и подобри раната јазична и математичка писменост, како и да ја промовира важноста на овие вештини кај целата јавност.