Промотивен настан за проектот „Градиме мостови“

На промотивниот настан „Градиме мостови“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе присуствуваат повеќе од 700 ученици од триесет училишта од Македонија.

Учениците кои биле корисници на грант од фондот „Градиме мостови“ на настанот ќе учествуваат со заеднички песни, театарски претстави, спортски активности и танцови точки.

Фондот „Градиме мостови“ нуди грантови за општините, училиштата, учениците, наставниците и родителите за организација на заеднички активности меѓу различните заедници.

Фондот е заедничка иницијатива на Министерството за образование и наука, амбасадите на Швајцарија и Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.