Управата за јавни приходи денеска ќе го означи почетокот на проектот „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“.
Проектот ќе биде финансиран преку ИПА 2010 програмата, а ќе се реализира во партнерство со Шпанската даночна управа.
Обраќања ќе имаат директорот УЈП Горан Трајковски, евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на Кралството Шпанија Рамон Каранза. Активностите и целите на проектот ќе ги претстави проект лидерот на Шпанската даночна администрација Рамон Доминго Паласиос и Делаго.