Проект за практикантска работа и вработување за лица со попреченост

Вработувањето на лица со попреченост не е прашање на милостина, туку прашање на човекови права, истакна , Мајкл Стивејтер, директор на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија.

 Американската агенција за меѓународен развој во соработка со општина Струга денеска ги презентираше активностите и досегашните резултати од нивниот Проект за практикантска работа и вработување на лица со попреченост пред претставници од приватниот, невладиниот и јавниот сектор.

Проектот на УСАИД промовира еднакви права за социјална и економска инклузија на лицата со попреченост и цели кон зголемување на видливоста за проблемите на лицата со попреченост кај компаниите и пошироката заедница.

Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост ја поддржува имплементацијата на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост во Македонија. Целта на проектот е зголемување на можностите за вработување на лицата со попреченост и подигнување на јавната свест за нивните способности и предизвиците со кои се соочуваат.

Досега преку проектот се обучени 339 лица со попреченост на тема „Стратегии за барање работа“.

Фотографија: МИА