Македонија

Проект за соработка на занаетчиите од Крива Паланка, Струмица и Ќустендил

Проект за соработка на занаетчиите од Крива Паланка, Струмица и Ќустендил

Здружението на граѓани „Регионална агенција за развој“ од Крива Паланка, денеска во хотелот „Турист“ го реализираше проектот „Форми на соработка меѓу занаетчиите и малите и средните претпријатија за заедничко учество во локалните културни и економски случувања во прекуграничните општини Крива Паланка, Струмица и Ќустендил“.

Станува збор за работилница на занаетчиите од Крива Паланка и Струмица, Република Македонија и Ќустендил, Република Бугарија, како и малите и средни претпријатија од овој прекуграничен регион, кои ги изложија и промовираа своите производи и дејности. Тие поделија и рекламен материја, брошури, каталози и слично.

Настанот има за цел заеднички настап на занаетчиите и малите и средни претпријатија за заеднички настап на пазарот, да ги промовираат своите производи и дејности, како и можноста за деловна соработка.

Проектните активности се поддржани од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Извор: МИА