Проектил од руски воени сили го соборил малезискиот авион во 2014

Холандските обвинители кои го истражуваат уривањето на Малезискиот авион во источна Украина во 2014 кажаа дека проектилот со кој е погоден авионот е испален од Руски воен уред.

Авионот на 17 Јули 2014 беше соборен со проектил од Руско потекло при што загинаа 298 луѓе од кои две третини беа од Холандија.

Лидерот на одредот од Холандската национална полиција која што го испитуваше инциденот соопшти дека проектилот припаѓал на Руската 53та Против-Воздушна Бригада.

Сите возила во конвојот што го испали проектилот беа дел од Руските воени сили, објасни тој за време на конференцијата.

Русија во 2014та негираше каква и да било инволвираност во инцидентот, но по објавувањето на резултати од истражувњето Москва нема ништо искоментирано.

Обвинителите кажаа дека листата на осомничени од стотици сега е намалена на десетина, додавајќи дека имаат многу докази кои допрва треба да се испитуваат,

Во Септември 2016та година Холандски обвинители објавија дека се идентификувани 100 личности кои би можеле да се одговорни за уривањето, неколку месеци подоцна Австралија и Малезија побараа листата на осомничени да биде објавена јавно.

Осомничените се очекува да бидат судени во отсуство бидејќи Русија го искористи правото на вето за да го блокира интернационалниот трибунал на ОН што имаше задача да го надгледува спроведувањето на обвинениа што произлегуваат од истрагата.