Крими хроника

Проектил залутал во дворот на гостиварец

Проектил залутал во дворот на гостиварец

Проектил од огнено оружје удрил на ќерамидите од покривот на семејната куќа на С.Ј. (53) од Гостивар улицата Балиндолска бр. 91 и ги исплашил него и неговата сопруга со која седеле во дворот, вчера околу 23 часот, соопшти полицијата.

Домаќинот потоа забележал дека проектил паднал во близина каде што седеле со неговата сопруга. Увид извршила екипа од ПС-Гостивар, при што проектилот е пронајден и подигнат за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Полицицјата презема мерки за расчистување на случајот.

 

Залутан проектил оштетил возило во скопско Сарај.