Проектилот кон Владата бил истрелан од далечина

Проектилот што синоќа по 21 часот предизвика детонација во непосредна близина на зградата на Владата е истрелан од далечина, бидејќи во тие моменти не е забележано движење на лица во кругот на владиниот објект, пишува „МКД. МК“

 Во тек е вештачење на „предметниот материјал“ собран од експерти на единицата за антитероризам и за сега не се откривав за каков вид на експлозивен проектил се работи.

Синоќа МВР соопшти дека „од извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, во тревникот кон реката Вардар, на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата. Од експлозиијата не е нанесена никаква штета“.

 

Фото: Мкд.мк

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.