вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Проектот „Македонија вработува“ донесе 18.923 вработувања за една година

Проектот „Македонија вработува-се бориме за секое работно место“ беше најавен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во март 2015-тата година на митингот во Битола.

makedonija-vrabotuva-spasov-pesevski

Поврзани вести

Проектот „Македонија вработува-се бориме за секое работно место“ беше најавен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во март 2015-тата година на митингот во Битола.

Во рок од дваесеттина дена беа направени потребните измени и дополнувања  на пакет закони кои беа потребни за стартување на проектот кои беа усвоени од Собранието на Република Македонија. Проектот во истиот месец беше промовиран од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и тогашниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Заврши проектот кој значително допринесе во намалување на невработеноста во Република Македонија. Вчера беше последниот ден од рокот кога работодавачите можеа да аплицираат за да ги искористат поволностите од овој пакет мерки. Овој проект помогна на 10140 компании да отворат 18.923 нови работни места.

Овој проект беше надградба на мерката Ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на млади лица до 29 години кој беше воведен во 2014 година и преку кој посебно се постигнаа 12.800 вработувања.

makedonija-vrabotuva-spasov

Проектот „Македонија вработува“ беше најавен како проект кој треба да направи придвижување на економијата, забрзано отварање и создавање на нови работни места во приватниот сектор и со кој  се овозможи олеснително и повластено вработување на неколку групи на невработени граѓани( невработени лица до 35 години, меѓу 35 и 50 години, над 50 и над 58 години како и социјално ранливи категории) и огромен опфат на невработени граѓани кои ги исполнуваат условите и кои полесно и побрзо ќе стигнат до вработување и работно место до редовна плата и до подобар и поквалитетен живот. Пакетот мерки беше широко подржан од Економско социјалниот совет, од стручната јавност и од работодавачите.

Оваа мерка на Владата на Република Македонија значи многу за нас од приватниот сектор бидејќи ни овозможува да заштедиме средства и тие пари да ги намениме за отворање на работни места. Со проектот во голема мера го зголемивме бројот на вработени и тоа се одразува и на продуктивноста во работата, беше најчест коментар кој го даваа работодавачите.

Проектот „Македонија вработува“ е само дел од системските мерки на Владата на Република Македонија за намалување на невработеноста. Како резултат на сите политики невработеноста е намалена од 38% во 2006 година на 24,6%. Според официјални извори отворени се 150.000 работни места изминативе 8 години.

Најчитани вести