Проектот „Македонија вработува“ ја таргетира најранливите групи на невработени лица

-Големи очекувања имаме од новиот проект Македонија вработува. Очекуваме дека преку овој проект во наредните 12 месеци ќе се отворат 20 илјади нови работни места во Македонија, а со проектот се таргетирани најчуствителните и најранливите групи на невработени во Македонија,посочи премиерот Никола Груевски на 15.Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Додаде и дека работат на тоа да донесат инвеститори низ сите општини низ Македонија.

-Многу се трудиме инвеститорите да бидат распределени насекадениз Македонија, а особено таму каде сеуште не сме убедиле некој инвеститор да дојде. Во тој правец клучна е и подготвеноста на градоначалниците, со спремни и правно чисти локации со донесена инфраструктура, бидејки кога инвеститорите бараат локација немаат време да чекаат допрва градоначалникот да расчистува имотно-правни односи или да гради комуналии, посочи тој.

Груевски упати апел до сите градоначалници да работтат на зголемување на бројот на индустриски зони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.