Проектот „Македонија вработува“ промовиран во Тетово

Проектот „МАкедонија вработува“ промовиран во Тетово

Тимови од Центарот за вработување Тетово при Агенцијата за вработување на Македонија денеска на три пунктови низ градот им ги објаснуваа на работодавачите и на заинтересираните невработени лица мерките од проектот „Македонија вработува“.

Раководителот на Центарот Томислав Трифуновски  посочи дека покрај овие мерки во нивниот Центар во тек се и останатите активни мерки како самовработувањето каде е завршен првиот оглас и започната процедурата за прибирање апликации за вториот оглас.

– Досега преку мерката самовработување во оваа година веќе се отворени 45 нови фирми со исто толку вработени. Имаме добиено и над 60 апликации за вториот оглас така што очекуваме дека до крајот на годинава над 90 лица да ги преточат своите бизнис идеи во основање на нивна фирма, рече Трифуновскии.

Во однос на вработувањето преку проектот „Македонија вработува“ досега имаат добиено 233 барања од работодавачите при што 148 лица веќе се вработиле на овој начин.

– Кај мерката за вработување на млади до 29 години од април досега работа нашле околу 450 лица од оваа категорија додека во последно време има многу барања од работодавачите за вработување на лица до 50 години како и оние од категоријата над 50 години до пензионирање така што очекувам дека до крајот на годинава ќе биде исполнета бројката од 20 илјади нововработени лица на целата територија на Македонија, изјави Трифуновски.

Според последните податоци во Центарот за вработување во Тетово има 14 илјади и 500 лица кои активно бараат работа и кои се пријавуваат секој месец и 5.000 кои се пријавуваат на шест месеци