Проектот подземна сообраќајница на Јужен булевар е започнат од претходната градска власт

Петре Шилегов е синоним за неработа, неспособност и афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За десетина месеци градоначалствување со Градот Скопје, тој стана познат како градски татко чиј единствени проекти се: неуспешното прскање против комарци кое доживеа фијаско,правење на спектакл со музички бендови од пуштање во употреба на автобуска станица која подоцна ја затвори, како и пуштање во употреба на фасада на средното училиште Јосип Броз Тито која беше направена и финaлизирана уште пред 4 години. Оттука Шилегов лаже и манипулира и со подземната сообраќајница која ќе се гради на Јужен Булевар позади Рамстор. На овој проект градот Скопје работеше претходните 5години, заедно со Министерството за транспорт и врски и инвеститорот Лимак. На Советот на град Скопје чие мнозинство беше на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија се донесе одлука Лимак да изгради дел од подземната сообраќајница. Обврска на општина Центар беше изработка на ДУП. Шилегов вообичаено грубо лаже и ја дезинформира јавноста дека 5 години проектот се шетал од фиока во фиока во град Скопје. Вистината е дека бидејќи се работи за комплициран проект се чекаше ЛИМАК да ја проектира подземната сообраќајница за делот кој што ќе го гради, се наведува во соопштението на партијата.

Откако беа изработени тие проекти од страна на Лимак, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се започна со градба на идеен сообраќаен проект и расчистување на земјиштето.

-Потоа од страна на град Скопје и претходниот градоначалник Трајановски во почетокот на минатата година се објави тендер за проектирање на подземната сообраќајница, и тоа од делот од кај што завршува подземната која ќе го гради Лимак према Карпош до турбо кружниот кај католичка црква и према Кисела Вода од катната гаража до рампа Кисела Вода. Инаку подземната сообраќајница има 3 дела. Еден дел е тој што го гради Лимак, втор дел е спрема Општината Карпош кој ке го гради градот Скопје и на кој има огромен кружен тек пред Нова Македонија и трет дел кој исто ќе го гради градот Скопје од катната гаража Македонска фаланга до рампата Кисела Вода каде што има 2 кружни тека. Сега она со што се фали Шилегов, а е направено од претходните власти и е наследен проект преставува почеток на работите во делот кој ќе го прави Лимак. А деловите кои треба да ги гради градот Скопје по изработка на основниот сообраќаен и градежен проект ќе треба да се објави тендер за изградба. Ако проектот бил во застој и ако се знае дека во овие десетина месеци на управување на градот од страна на Шилегов главните активности не му се нови капитални проекти туку рутинско косење на тревници, жардињери и крадење на проекти од претходната власт, како тоа Шилегов успеал да одблокира вака сложен проект? Шилегов ниту е по работата, ниту пак покажува способности да реши некои проблеми на скопјани. Тоа е човекот кој рутинско прскање против комарци го направи ноќна мора за скопјани. Многу е јасно дека секој настап на Шилегов е дозиран со лаги и бројни манипулации. Еднаш лажго секога лажго е практиката својствена за скопскиот градоначалник, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.