Проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги“ е поддршка на високото образование

Проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги“ е директна поддршка на високото образование, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во Дневникот на МРТ.

Како што потенцира досега се преведени и достапни 919 наслови од светски познати автори.

Станува збор за еден од капиталните проекти на Владата. Имаме нов пакет на учебници кои во наредниот период ќе бидат промовирани со што ја заокружуваме прва фаза на 1.000 учебници. Тие во моментов се достапни во над 32 народни универзитетски библиотеки. Студентите може да ги користат во рамки на специјализираната читална „1000 книги“ во ГТЦ. Истите може да бидат набавени во комерцијална продажба, вели заменик министерот.

Ристовски истакна дека МОН од денес ќе објави линк со посебна информација каде ќе бидат содржани сите податоци, односно кои наслови од овие најреномирана учебници каде ќе може да се набават

Во однос на процесот на селекција и изборот на книгите кои ќе бидат преведени, заменик министерот за образование и наука вели дека процесот се прави заеднички со Универзитетите.

Ние се обраќаме до сите нив, а тие пројавуваат конкретен интерес. Имено, ја определуваат областа или даваат конкретен предлог за тоа кој учебник треба да биде преведен, додава Ристовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.