Проектот „Во прво лице“ вечерва во Мала станица

Во  Национална галерија на Македонија, објект Мала станица вечер ќе биде презентиран проектот под наслов „Во прво лице“ во чии рамки ќе бидат претставени 22 современи македонски уметници, пренесе МИА.

Иако како појдовен момент се чувствуваат референци на автопортретот во неговата класична смисла, наспроти појдовниот романтичен мит за Нарцис и психоаналитичкото толкување за појавноста и опсесивноста кон сопствениот лик, делата претставени на изложбата „Во прво лице“  се однесуваат на поинаква ангажирана појавност на авторот во сопствените дела.

Ова иницијално истражување на едно своевидно современо автопортретирање презентира дел од авторите кои во различни медиуми го опфаќаат третманот на себеприкажувањето во делата на современите македонски уметници, особено помладата генерација автори. Генерациската припадност и изборот на делата создавани од втората половина на 90-тите години на 20. век и особено 21. век, говорат за различните творечки стимулации и медиуми како илустрација на случувањата во контекст на, пред се, македонската општествената реалност во изминативе речиси 20 години.

Кустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.