Владниот проект за заштита од енергетска сиромаштија продолжува

Владата продолжува со големиот проект за енергетска сиромаштија, кој досега им помогна на голем број семејства, а се планира и негово зголемување.

Правото на заштита од енергетска сиромаштија е воведено во 2010 година и изнесуваше 600 денари по сметка за струја.

Две години подоцна, во 2012 година, ова право се зголеми на 700 денари.

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека Владата продолжува со овој значаен проект.

– Во 2015 година правото од енергетска сиромаштија ќе изнесува 800 денари и ќе бидат опфатени сметките што ќе се платат во месец јули. Во 2016 година правото ќе се зголеми на 900 денари, а во 2017/2018 година истото ќе биде во висина од 1000 денари, истакна Груевски.

merka za socijalno zagrozeni lica
Мерка за социјално загрозени лица

Овој проект во 2015 година ќе опфати до 10.000 корисници, а буџетот за тоа изнесува 81 милион денари.