Проектот за изградба на патот Старо Коњарево – Ново Коњарево треба да заврши до мај 2015

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов на денешната собраниска седница постави три пратенички прашања.

Своето прво прашање пратеникот Тренов го постави до министерот за транспорт и врски, а се однесува на изградбата на регионалниот пат 1402, Старо коњарово – Ново коњарево до која фаза се подготовките, односно дали се готови проектите и кога се планира работа на терен.

Одогвор на ова прашање даде министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој истака дека овој пат е предвидено да се финансира со средство од Светска Банка.

-Сакам да истакнам дека овој проект начелно треба да се финансира со средство од светската банка во текот на месец Јули 2014 година склучен е договор за проектирање на овој пат и согласно договорот проектирањето на патот треба да заврши до мај 2015 година , потоа кога ќе се припреми целата документација ќе се достави апликација до светската банка и очекуваме до крајот на оваа година или почетокот на следната бордот на светката банка да го одобри овој проект, потенцираше Јанакиески.

Второто пратеничко прашање се однесуваше на итната медицинска помош во Ново Село и беше упатено до Министерството за здравство.

-Граѓаните на Ново Село се соочуваат со голем проблем. Веќе неколку години во Ново Село не функционира итна медицинска помош со домашно лекување, односно дежурна медицинска помош. Минатата година имаше обид да се реши проблемот со објавување на оглас за вработување на 4 медицсинки сестри, три возачи и 6 лекари со што требаше да се оформи итната медицинска помош, истакна Тренов.

Одговор на ова прашање даде заменик-минитерот за здравство Јовица Андовски кој истакна дека треба да се распише оглас за вработување на медицински персонал, со што би се решил овој проблем.

Последното прашање кое го постави Тренов беше упатено до министерот за транспорт и врски, а се однесуваше за осветлување на патот А4, Општина Василево.

-По барање на месното население Општината изготви проект проектот е доставен до агенцијата за патишта и градоначалниот очекува овој проект да биде реалзиран со средства на оваа агенција, истака Тренов.

За ова прашање Тренов ќе добие писмен одговор од Министерството од транспорт и врски.