Проектот за преселување на Марс е измама?

Со проектот „Марс Уан“, зад кој стои холандска приватна компанија, се предвидува до април 2023 година на Марс да бидат испратени луѓе, кои би имале задача да ја колонизираат „Црвената планета“.

Компанијата неодамна објави список од 100 кандидати кои го минале долготрајниот елиминациски процес, како и листа на оние кои не ги исполнуваат условите за членување во „избраната екипа“, која од некои причини сака да живее на Марс.

Но, иако за самиот елиминациски процес за избор на кандидатите и за подготовките за мисијата на големо се пишува во медиумите веќе неколку месеци, неодамна се појавија и сомнежи околу реалноста на овој проект.

Имено, поранешниот истражувач на НАСА и актуелен професор на Универзитетот во Дубаи, Џозеф Рош, смата дека проектот „Марс Уан“ е една обична измама.

– Не се работи за ништо друго освен за земање пари од лекомислени поединци, кои сакаат да бидат меѓу „избраните“, смета Рош.