петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Проектот за самовработување е значаен фактор за намалување на невработеноста

алексов

Последни вести

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов вели дека позитивниот тренд на намалување на невработеноста од 2015. продолжува и оваа година.

-Ова се позитивни сигнали, од 25,5 проценти невработеност, сегашните податоци се 24,6. Ставот на Сојузот на стопански комори е дека резултат на намалување на оваа невработеност е пред се на активноста на домашните компании преку нивните развојни и инвестициони проекти, значи вработуваат граѓани, потоа странските директни инвестиции кои се отвораат и отпочнуваат со работа во Македонија и соработката на домашните компании со странските инвеститори исто така придонесува за зголемување на вработеноста, истакна Алексов.

Домашните компании ги користат активните мерки за вработување, вели Алексов и додава дека, значаен фактор за намалување на невработеноста е и проектот за самовработување, кој има значителен придонес во овој сегмент.

Најчитани вести