четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 36

Професии со најголем процент на психопати

advokati-300x100

Последни вести

Кевин Датон, психолог од Оксфорд и автор на книгата „The Wisdom of psychopaths: What Saints, Spies, and Serial Killers Can Teach us About Success“, укажува дека психопатијата може да претставува голема предност во одредени професии. Следуваат оние професии каде ова нарушување на личноста е најзастапено.

Адвокати

Речиси секоја шега на сметка на адвокат вклучува особини кои ги карактеризираат психопатите – тие се измамници без грижа на совест, не се грижат многу за моралот и опседнати се со профитот.

Продавачи

Научната студија која во 2001 година ја спроведе научникот Марк Хамер покажа дека лицата кои оствариле посебен успех во продажбата, се карактеризираат со високо ниво на нарцисоидност (особено егоцентризам), социопатија и когнитивни емпатии.

Хирурзи

Интересно е дека хирурзите заземаат едно од највисоките места на овој список за разлика од медицинските сестри и лекари кои се најдоа на нејзиното дно. Тие можат да бидат многу егоцентрични, насилни и груби, потврдува хирургот Вен Шен и истакнува дека овие особини особено доаѓаат до израз во време кога немало анестезии и кога професијата привлекувала посебен вид луѓе кои не се грижеле за крикот на пациентите кои го испушатале во текот на оперативниот зафат.

Новинари

Се подразбира дека морате да бидете многу нарцисоидни за да себе се ставите под лупа на јавноста онака како тоа го прават новинарите и да се сметате себе, своите емоции и ставови толку важни  да секој би требало да ги слушне. Голем број новинари на терен се упорни во остварувањето на своите замисли дури и тогаш кога е сосема јасно дека секоја нормална личност од тоа одамна се откажала.

Полицајци

Во книгата „Police Domestic Violence Handbook or Victims“ на авторот Вајана Ветендорф се наведува дека жените се жртви на насилство 40 отсто од американските семејства на полициски службеници, што е поврзано со насилство и тежнеење за воспоставување доминација над другите.

Свештеници

Обидот на католичките цркви да ги прикријат големите случувања на злоставување деца од страна на свештените лица многу добро е познат во јавноста, а оваа дамка никогаш нема да избледне. Тоа што психопатите најмногу ги привлеккува во оваа професија е лесниот пристап до жртвите, постоење финансиски награди и лесно доаѓање до легитимност која ја гарантира самата положба.

Готвачи

Во интервју за списанието „Veniti Fer“, готвачот Гордон Ремзи (кои на јавноста е познат по неговите агресивни испади) изјави дека сите готвачи се „опседнати со себе, деликатни и чувствителни души и апсолутни психопати“. Сите до еден, истакна тој.

 

Најчитани вести