Професионален војник во Србија си пукал во гради

43 годишен професионален војник од Србија,  со автоматската пушка си пукал во градите. Тој денеска е пронајден мртов на военото стрелиште во Краљево.

Како што јавуваат локалните медиуми, војникот работел на обезбедување на објектот. Нема информации кои се причините за самоубиството. Полицијата како и претставниците на српската армија вршат увид и најавуваат детална истрага.