Професионализмот и системот на кариера во МВР паднаа под партиските пазарења

Во МВР се направени измени со именувањето на кадри од ДПА и тоа за прв пат после осамостојувањето на Македонија, пишува порталот на албански јазик,„Журнал“.

Според „Журнал“, во раководството на Одделот за обезбедување (Шеста управа) еден од началниците ќе биде албански кадар, професионален и докажан со неговата работа и успеси, поточно поранешен генерал на МВР во ериодот од 2006 до 2008 година, Сафет Мамут.
Исто така Идриз Милаими ќе биде назначен за началник на криминалистичката полиција во Тетово.

ДПА е убедена дека со професионалните подготовки кои ги имаат ќе успеат со чесност и успех да ги извршуваат задачите. Ја известуваме јавноста дека ваквите именувања во државните институции ќе продолжат и во иднина’, велат од ДПА за Журнал.

http://www.zhurnal.mk/content/?id=189141295870