Професор 42 години дрогирал и силувал деца

силување

Професорот Вилијам Вехи кој предавал во повеќе земји во светот 42 години дрогирал и сексуално злоставувал најмалку 20 деца на возраст од 12 до 14 години.

Тој е откриен во Никарагва, поточно на американскиот колеџ во Манагва каде е пронајдено негово USB полно со фотографии од голи деца.
Вехи и признал на полицијата дека злоставувал деца, на кои им давал таблети за да ги онесвести, но тврдел дека и тој е жртва.
– Како дете бев злоставуван, затоа го правам сето ова. Го правам тоа откако знам за себе – рекол тој.

Два дена по признанието професорот е најден мртов во мотел во Минесота, а полицајците соопштиле дека се работи за самоубиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.