Професор на ФИНКИ ја манипулира јавноста за студентските протести

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) реагира на објавите во некои медиуми кои се повикуваат на изјава од професор Игор Трајковски дека Наставно научниот совет одлучил сите професори да учествуават на утрешниот протест.

– Имено, ја информираме јавноста дека Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) не донел ваква одлука.  Па оттаму изнесениот став во дел од медиумите не е официјален став на Факултетот.

Оттаму, апелираме од воздржување за изнесување на поеинечни ставови и нивно претставување како официјален став на целиот колектив на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), се вели во информацијата до јавноста од деканот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, професорот Димитар Трајанов.