Професор на ученици им изнајмувал училница за секс

Професор во Атланта е уапсен откако еден од родителите го обвинил дека им дозволувал на учениците да имаат сексуални односи во неговата училница, пренесува Си Ен Ен.

Квинтон Рајт (25) е обвинет по четири точки поради поттикнување на малолетничка деликвенција. Тој бил уапсен, но набрзо потоа бил пуштен на слобода и добил само опомена.

Целиот случај го открила мајката на едно 14-годипно мом че кога видела вознемирувачка порака во мобилниот телефон на нејзиниот син.

– Тој им овозможувал на учениците да имаат секс во неговата училница, рекла мајката.

Во една од пораките пишувало: „Може да се сакате од 7.30 до 8.30“, а другите гласеле „Дали му кажа на девојчето што ќе се случи? Несмееш никому да кажеш дека ви дозволив да ја користите просторијата“.

Рајт предавал математика, и бил тренер за кошарка во училиштето. По овој инцидент е отпуштен од работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.