Професор претепал 13 годишен ученик во скопско училиште

Професор претепал 13 годишен ученик во училиштето во скопско Студеничани, тврди неговиот чичко во изјава за Сител.

Момчето, според информациите со повреди на главата завршило во болница.

Од полицијата за Сител потврдиле дека инцидентот се случил утринава околу 1 часот во основното училиште Наим Фршери.

Од МВР велат дека истрата се уште трае па не е познато во какви околности дошло до овој инцидент.

Повеќе детали се очекуваат утре.