Македонија

Професори на штипскиот универзитет ќе штрајкуваат со глад

Професори на штипскиот универзитет ќе штрајкуваат со глад

Тројца професори од Економскиот факултет на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, ќе почнат  штрајк со глад, зашто сметаат дека незаконски се избркани од работа. На денешната прес конференција, најавија дека штрајкот ќе го почнат од утре. Професорите Крсте Шајноски, Ристо Фотов и Маргарита Матлиеска бараат да се постапи согласно предлозите дадени од рефератите на рецензентските извештаи, како и да се разреши деканот на факултетот.

Професорите посочија дека наместо да напредуваат во кариерата, тие се избркани од работа. Според професорот Крсте Шајноски, наставно-научниот совет се произнел негативно за нивниот избор во повисоко звање и покрај тоа што рецензентската комисија дала позитивно мислење.