Професорите кои штрајкуваат со глад добија поддршка од 50 нивни колеги

Од осум часот утрово, покрај тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајуваат со глад  веќе 12-ти ден, кон штрајкот се приклучија и 50-тина просветни работници, членови на раководните органи на СОНК. 

Формалната одлука дефинитивно да се приклучи на штрајкот со глад СОНК ја донесе синоќа, откако  истече крајниот рок до кој синдикатот бараше од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе решението на Државниот просветен инспекторат и да ги поправи грешките во постапката со кои тројцата професори не беа избрани во повисоки звања иако имаа позитивно мислење од Рецензентската комисија.

Универзитетот „Гоце Делчев“ вчера преку соопштение повика на прекин на штрајкот со глад, уверувајќи ги професорите дека нивното прашање ќе се реши кон средината на август. Според тројцата професори, ваквото ветување е уште еден обид за манипулација, бидејќи ако нивниот избор не се  изврши до законскиот рок кој истекува на 2 август, целата постапка ќе мора да се повтори и да се распишат целосно нови конкурси.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.