Македонија

Професорите од регионот со десет пати повеќе научни трудови од македонските професори

Професорите од регионот со десет пати повеќе научни трудови од македонските професори

Професорите блиски до СДСМ имаат објавено нула научни трудови, наспроти нивните колеги од регионот  кои објавуваат голем број на научни трудови секоја година, објави порталот Курир.

За 2013 година, само 300 научни труда од Македонија се најдоа на страниците на меѓународни угледни списанија. Импакт факторот е меѓународно признат степен на влијание на професорот научник, во однос на неговите објавени научни трудови во меѓународно признаени списанија и колку неговиот труд е практикуван и цитиран во научните кругови.

Според Курир Македонија во последниве години има објавено 4000 научни трудови на Web od science, а Словенија дури 50.000.

Импакт фактор на најстариот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ е само 616,19 импакт поени.

Дека објавувањето на научни трудови во врвни меѓународни научни списанија со импакт фактор не е научна фантастика и нешто непознато, говорат податоците од земјите од регионот. Вреднувањето на научните трудови е посебно уредено во секоја од нив.

Курир истражуваше и ги најде познатите професори од регионот кои се доста успешни во својата работа и можат да се пофалат со објавени трудови.

ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО ВО СЛОВЕНИЈА

Даница Финк Хафнер има објавено 19 научни трудови. Таа предава на Универзитетот во Љубљана, на катедрата за анализа на политиката во јавната управа и во Центарот за политички научни истражувања.

Миро Хацек  има објавено 8 научни трудови со импакт фактор. Тој предава на катедрата за анализа на политиката во јавната управа и Факултет за општествени науки во Љубљана.

Професорот Бостјан Брезовник од Катедрата за јавно право има објавено 7 научни трудови. Тој предава и на Правен факултет во Универзитетот во Марибор.

ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА

Миха Скерлавај кој предава на Економскиот факултет во Љубљана има објавено 21 научен труд и 6 списи.

Бостјан Анточич има 3 списи, а веќе има објавено 13 научни трудови. Предава на Економскиот факултет во Љубљана .

Тринаесет научни трудови со импакт фактор има објавено и Јозеп Дамијан од Економскиот факултет во Љубљана.

Професорот Дамијан од истиот економски факултет во Словенија има објавено 13 научни трудови, а неговиот колега Поланец 10 труда и една списа.

Словенија има Агенција за истражување и модел според кој има избрано фирма која е овластена од надлежното министерство за да ги следи и дотерува податоците за сите истражувачи. Базата се нарекува SICRIS (Slovenian Current Research Information System) и на неа има регистрирано 14.634 истражувачи. Секој истражувач е задолжен да доставува податоци за сите негови научни активности кои се бодираат различно, согласно Правилник. Најмногу бодови се добиваат за трудови објавени на Web of Science. Бодовите се делат со број на автори на трудот (за да се избегне трупањето на куп автори на еден труд). Доколку списанието е во првите 20% според импакт факторот од областа добива 120 бода, ако е во наредните 20% се добиваат 80 бода, а во последните 60% се добиваат 60 бода. За другите активности се добиваат неспоредливо помалку бодови, на пример, за труд објавен во национално списание – 10 бода, за труд објавен во зборник од конференција (proceeding) се добиваат само 5 бода, а во апстракт 1 бод.

Моделот во Словенија е особено почитуван и се смета за еден од најдобрите поради што постојано е предмет на интерес и инспирација, дури и за развиени европски земји.

ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО ВО ХРВАТСКА

Редовниот професор на Факултетот за политички науки во Загреб, Мирјана Касаповиќ има објавено 8 научни трудови со импакт фактор.

ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА ВО ХРВАТСКА

Марина Дабич од Факултетот за економија и бизнис во Загреб има објавено 19 научни трудови и 5 списи.

Нејзиниот колега од Економскиот факултет во Пула, Маринко Скале објавил 19 научни трудови и 6 списи.

Девет научни трудови има објавено Марушка Визек од Економскиот институт во Загреб.

Ана Ткалац Верчич објавила 8 научни трудови и две списи, а работи во Економскиот факултет во Загреб.

Професорот од загребскиот економски факултет Петар Шорич има објавено 8 научни трудови и три списи.

За избор и напредување во звања, менторства, раководење и учество во научно-истражувачките проекти и во Хрватска, исто така, еден од главните услови е бројот на објавени трудови во списанија на базата на Web of Science. Пописот на истражувачи го води Министерството за наука, образование и спорт, во согласност со правилници кои ги донесуваат Министерството и Агенцијата за високо образование.