Професорка со секс тешела ученик

Триесет и тригодишната Џена Лихеј, професорка по англиски јазик и тренер по хокеј е обвинета за сексуален напад, поради наводни сексуални односи со еден од своите ученици.

Последното сослушување пред почетокот на судењето било одржано вчера, каде се појавил и пријател на ученикот, кој изјавил дека во училницата се допирале по интимни делови од телото.

“Работеле и на други физички работи. Ми кажа дека го одвела дома по одбојкарскиот натпревар, но и дека често му праќала разголени фотографии на мобилен телефон”, изјавил неговиот пријател.

Како што се дознало на сослушувањето, сè почнало кога тетката на тинејџерот починала од рак, по што Лихеј му го понудила своето рамо за плачење.

Според наводите на фудбалскиот тренер од истото училиште, Дејв Албан, тинејџерот му кажал дека не го прифатил сексуалниот однос, но дека таа му праќала разголени фотографии.